38 армиски возила ставени во употреба за гаснење пожари
Стари армиски возила кои биле запоставени и неупотребувани речиси една деценија се ставени во функција за гаснење пожари. Со нив ќе се интервенира на тешко пристапните места...

Овие возила се адаптирани да носат вода од 600 литри до 8 тони. Противпожарните возила ќе бидат во сопственост на Дирекцијата за заштита и спасување. Првиот човек на институцијата, Стојанче Ангелов вели годинава нема да ми треба гранка за да гаснам пожари.
Премиерот Мицкоски посочи дека многу по подготвено се очекува сезоната на пожари. Возилата се адаптирани со помош на одговорни фирми и поединци, без пари од Буџетот.
Добивме прва републичка противпожарна единица вели градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, нагласувајќи дека сите возила се отпорни на високи температури.
Надлежните посочуваат дека за гаснење на пожарите во функција ќе бидат двата Ер трактори, третиот ќе биде подготвен до почетокот на август, а во функција се и двата полициски хеликоптери. Останува забраната за движење во шума за сите што се без дозвола.
Миле А. Ристески