Зачестена лекарска помош кај деца, голтнале предмет
Последните неколку месеци на Одделот за гастроентерохепатологија зачестиле случаи на деца кои бараат лекарска помош поради заглавено туѓо тело во хранопроводот или цревата...

Наместо на увото на мајката, обетка заглавена во хранопроводот на двегодишно дете. Подолго време повраќало, тоа била причина помош да побараат на Детската клиника на Одделот за гастроентерохепатологија.
Но ова е еден од многуте случаи со кои се соочила професорката Соња Бојаџива и нејзиниот тим. Деца голтнале џамлии, шноли, парички, батерии, жици, делови од електрични цигари, камчиња, стакло, дете на училишна возраст успеало да голтне моливче.
Мал е бројот на родители кои забележале дека недостига некој предмет, повеќето поради повраќање или болки во стомакот кај нивното дете побарале помош.
Професорката Бојаџиева апелира до семејствата ситни предмети да се ставаат подалеку од децата, тие се непредвидливи и за секунда може сите да се најдат во непријатна и стресна ситуација.
Наташа Јанчиќ Менковски
