партии

Орце Ѓорѓиевски - кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за прв човек на Град Скопје

06.07.2025 16:14

Георгиевски изјави дека ја бара поддршката од сите скопјани без разлика на политичката припадност велејќи дека за него постојат само скопјани што си го сакаат или не си го сакаат градот...

Орце Ѓорѓиевски, актуелниот градоначалник на Општина Кисела Вода, е кандидатот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за прв човек во Град Скопје на локалните избори во октомври годинава. Георгиевски изјави дека ја бара поддршката од сите скопјани без разлика на политичката припадност велејќи дека за него постојат само скопјани што си го сакаат или не си го сакаат градот. Најави дека веќе од утре ќе почне со теренски посети и со процес на креирање на програмата со која ќе настапи на изборите.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека ги научиле сите лекции за сега да не погрешат повторно во изборот на кандидат за градоначалник на Град Скопје.