Временска прогноза
Сончево и многу топло со температура до 41 степени
07.07.2025 08:15
Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од југозападен правец...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од југозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 41 степен.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер.
