Полициски хеликоптер гаснеше пожар на Блаце
Два полициски, еден армиски хеликоптер и три теренски возила дејствуваат како поддршка на скопската бригада, за гаснење на големиот пожар на отворен простор над магистралниот пат Скопје-Блаце. Можна причина за пожарот е фрлен отпушок од цигара од возило во движење или пак, е намерно предизвикан, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов...

Два полициски, еден армиски хеликоптер и три теренски возила дејствуваат како поддршка на скопската бригада, за гаснење на големиот пожар на отворен простор над магистралниот пат Скопје-Блаце. Можна причина за пожарот е фрлен отпушок од цигара од возило во движење или пак, е намерно предизвикан, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Од МВР информираа дека синоќа бил нормализиран патниот сообраќај до граничниот премин Блаце. Укината е забраната за товарните моторни возила и за автобусите.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека до изутринава има шест активни пожари.
