Блиски Исток

Хутите истрелаа проектили кон Израел

07.07.2025 13:56

Хутите истрелаа два проектила кон Израел во текот на ноќта, вели израелската одбрана. Нема пријавени повредени или последици...

Хутите истрелаа два проектила кон Израел во текот на ноќта, вели израелската одбрана. Нема пријавени повредени или последици.

Членовите на екипажот на товарниот брод „Magic Seas“ под либериско знаме беа принудени да го напуштат бродот во неделата вечер, откако по низа напади во Црвеното Море бродот почна да прима вода.

Овој инцидент е првиот посериозен напад во оваа важна трговска рута. Израелското воено воздухопловство на почетокот од неделата нападна три пристаништа под контрола на Хутите и една електрана во Јемен.

Во меѓувреме, премиерот на Израел, Нетанјаху, замина за САД, каде што ќе се сретне со американскиот претседател Трамп поради нов обид за постигнување прекин на огнот во Газа.