Украина

Продолжија нападите со беспилотни летала

07.07.2025 09:13

Русија и Украина викендов разменија напади со беспилотни летала, прекинувајќи го воздушниот сообраќај и предизвикувајќи жртви и штети. Нападите следеа по објавувањето на договорите на украинскиот претседател Зеленски со западните партнери за зголемување на производството на беспилотни летала...

Русија и Украина викендов разменија напади со беспилотни летала, прекинувајќи го воздушниот сообраќај и предизвикувајќи жртви и штети. Нападите следеа по објавувањето на договорите на украинскиот претседател Зеленски со западните партнери за зголемување на производството на беспилотни летала. Претседателот Трамп потврди дека имал добар разговор со колегата Зеленски и одново изрази разочарување од разговорот со Путин.

„Јас и помагам на Украина. Многу и помагам. И тоа е војна што никогаш не требаше да се случи. Тоа е војна што никогаш не требаше да започне. Да бев претседател, ако изборите не беа наместени, немаше сето ова да се случи“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Додека Русија се брани од беспилотни летала, претседателот Путин вели дека руските беспилотни летала изгореле непријателска опрема вредна повеќе од 2 милијарди долари. На западните влади кои испраќаат оружје во Украина им порача да размислат за што ги трошат своите пари.