Украинска криза: Постоигнат мал прогрес на министерската средба во Берлин
Лавров, Климкин, Штајнмаер, Фабиус – сите со една цел- прекин на огнот во Украина. Берлинската средба за деескалација на тензиите во земјата заврши единствено само со договор за доставување на хуманитарната помош. Шефот на германската дипломатија Штајнмаер разговорите ги оцени како тешки, но истакна дека е постигнат извесен напредок.

„Беше тешко, но мислам дека има прогрес. Се договоривме дека треба да ги известиме нашите влади за текот на преговорите, а утре ќе решавамеме во кој правец ќе продолжат“, рече Френк Валтер Штајнмаер, шеф на германската дипломатија.
И за рускиот министер Лавров постои прогрес, но не во поглед на решавањето на политичката криза и постигнувањето примирје.
Сергеј лавров, министер за надворешни работи 331
„Се е усогласено со украинската страна и со Меѓународниот комитет на црвениот крст. Се надевам дека помошта наскоро ќе дојде до оние на кои им е потребна. Исто така сметам дека примирјето во југоисточна Украина треба да биде безусловно. Но нашите украински колеги поставуваат услови кои се сé повеќе нејасни, како на пример да се обезбеди непроодност на границата меѓу Русија и Украина.
Украина смета дека за постигнување договор ќе бидат потребни уште неколку средби. Наспроти обидите на министрите и средбата во Берлин, тензиите во Украина не стивнуваат. Властите во Киев обвинија дека ракета на проруските сили погодила конвој од автобуси со бегалци во близина на градот Луганск. Портпаролка на самопрогласената „Доњецка Народна Република“ изјави дека нема никакви информации за овој случај.
Бојана Крстевски