Во Скопје за еден ден потрошени 140 олимписки базени вода
Водоснабдувањето во Скопје е на работ на колапс. Во само еден ден, скопјани потрошиле над 350 милиони литри вода – еквивалент на 140 олимписки базени...

Водоснабдувањето во Скопје е на работ на колапс. Во само еден ден, скопјани потрошиле над 350 милиони литри вода – еквивалент на 140 олимписки базени.
Просечно, секој жител користел 664 литри дневно, што е повеќекратно над европските стандарди. Од ЈП Водовод и Канализација – Скопје алармираат дека ваквата енормна потрошувачка, особено во попладневните часови, доведува до преоптоварување на системот и прекини, особено во високите зони на градот. „И покрај секојдневните апели, водата масовно се троши за полевање бавчи, миење автомобили и полнење базени.
Системот не може да издржи, предупредуваат од претпријатието. Во услови на рекордни горештини и зголемен ризик од пожари, секој литар вода е клучен.
Од ЈП Водовод и Канализација – Скопје апелираат, користете ја водата одговорно и рационално. Пријавете диви приклучоци. Водата е живот, да не ја трошиме како да ја имаме бескрајно.
