Пожарот меѓу селата Блаце и Чучер не стивнува, екипите се борат со стихијата на тешко пристапен терен
Пожарот помеѓу селата Блаце и Чучер не стивнува – пламениот јазик проголта мешана шума и ниска вегетација, а екипите за гаснење се борат со стихијата на тешко пристапен терен. И покрај тоа што полициски хеликоптери истураат тони вода, едниот крак на пожарот е ставен под контрола, другиот и понатаму се шири. како можна причина се посочува фрлено догорче од цигара или намерно подметнување – пожарот избувнал веднаш до магистралниот пат.

Со „Ер-трактор“, три хеликоптери, со употреба на пренаменетите воени и полициски возила се интервенира на големиот пожар кај Блаце и Чучер Сандево. Се прошири на два крака, од кој едниот на непристапен ридско-планински терен. Тони и тони вода се фрлени од воздух за да се смират пламените јазици.
Огнената стихија зафати мешана шума и ниска вегетација.
Државата се мобилизира во борбата со пожарите. Преку оперативниот план ќе се ангажираат 400 невработени лица во 14 територијални противпожарни единици. Ќе добиваат по 24 илјади денари месечно, со можност за трајно вработување.
Единствените општини кои не аплицирале на повикот се Струмица и Кочани.
Александра Велинова
