МВР

Лишени од слобода возачи во Битола и Македонски Брод, возеле под дејство на алкохол

07.07.2025 14:17

Вчера во 17.39 часот на ул. „Македонски гемиџии“ во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Х.Р.(32) од Битола...

Вчера во 17.39 часот на ул. „Македонски гемиџии“ во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Х.Р.(32) од Битола, информираат од МВР.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „голф“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал Х.Р. и по преземени мерки било констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,51 промили алкохол во крвта.

На 06.07.2025 во 13.01 часот, полициски службеници од ОВР Македонски Брод кај с. Латово, Македонски Брод, го лишиле од слобода В.Т.(39) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Т. и по преземени мерки било констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2,55 промили алкохол во крвта. По документирање на случаите, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од КЗ, се наведува во соопштението.