животен стандард

Статистика измери раст на цените и во јуни

07.07.2025 17:47

Статистика измери раст на инфлацијата во јуни од 4,5 проценти во однос на лани. Граѓаните бараат мерки, власта ќе анализира пред да донесе одлука какви мерки ќе преземе. Под лупа, цените на услугите.

Статистика потврди – цените и во јуни оделе нагоре. Индексот на цените на мало споредено со април е зголемен за 1,1 проценти, а во однос на јуни лани за 3,7 отсто. И инфлацијата мерена преку трошоците на живот е зголемена – за 0,8 проценти во однос на мај и за 4,5 отсто во однос на лани. Најмногу поскапел транспортот, но зголемување на цените има и кај храната и безалкохолните пијалаци.

Граѓаните се жалат, велат животот е скап, цените се превисоки за стандардот, па очекуваат власта да преземе мерки.

Сега, на потег е Владата.

Извештајот на заводот за Статистика, ќе биде и основа за евентуални нови владини мерки. Од Министерството за економија најавија ригорозни мерки, доколку се забележи енормно зголемување на цените на одредени продукти или девијантно трговско однесување, без економско оправдување.

 

Марија Котовска