До 2026 година ќе се знае кој каде работи и колку плата зема
Јавната администрација не треба да биде заложник на нефункционален систем. Tаа мора да биде во служба на граѓаните. Покрај воведувањето модернизиран, софтверски систем, фокус и на помал, но ефикасен јавен сектор...

Модерна држава во служба на граѓаните нема дигитална, ефикасна, транспарентна и отчетна јавна администрација. Со интегрираниот систем за управување со човекови ресурси почна реформата во јавната администрација за увид, кој со какви квалификации работи на некое место. Со ова треба да се зголеми брзината на услугите за граѓаните и да се спречат партиски вработувања.
Новите вработувања во администрацијата ќе бидат поригорозни, со поголеми критериуми и ќе се вработуваат онолку колку што дозволува буџетот, најави првата финансиерка, Кочоска.
Надлежните ветуваат дека секој вработен во администрацијата ќе си ја заработи платата, но засега нема да има отпуштања на административците коишто се вишок или не се појавуваат на работа.
До крајот на 2026 година сите државни институции треба да се приклучат во интегрираниот систем за управување со човекови ресурси.
Ирина Гелевска
