400 невработени ќе гаснат пожари
По драмата на теренот, државата најавува акција: 400 нови борци против огнената стихија! невработени граѓани ќе добијат шанса за месечен надомест и можност за трајно вработување – но само најподготвените ќе станат дел од елитната единица за заштита и спасување....

Државата се мобилизира во борбата со пожарите. Преку оперативниот план ќе се ангажираат 400 невработени лица во 14 територијални противпожарни единици. Ќе добиваат по 24 илјади денари месечно, со можност за трајно вработување.
Ќе може да аплицира секое лице коешто се чувствува подготвено и мотивирано да даде придонес во оваа мисија. Пријавените ќе бидат распоредени во тимови, најдобрите ќе влезат во новата единица за заштита и спасување.
Оние што ќе се пријават треба да бидат психофизички здрави, а ќе се проверува и нивната физичка кондиција. Лица што имаат хронични, срцеви заболувања, дијабетес не е препорачливо да се пријавуваат.
Единствените општини кои не аплицирале на повикот се Струмица и Кочани.
Наташа Гркова - Петрушевска
