Производството во Екстра Меин стои-нови обвинувања до Центарот за јавно здравје во Велес!

18.08.2014 16:46

Машините на Eкстра Меин не проработеа иако од Aгенцијата за храна и ветеринарство најавија дека денеска е можно укинување на забраната откако нејзините анализи покажаа дека изворот на листеријата не е кај фабриката. Во меѓувреме обвинувања и реакција на релација- кумановска фабрика- Центар за јавно здравје Велес...

По резултатитедека во погоните на фабриката Екстра Меин нема листерија и најавите на директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство дека од денеска можно е фабриката да продолжи со работа, сепак, производството е запрено.

Екстра Меин со ново соошптение тврди дека Центарот за јавно здравје во Велес, каде што се мострите за суперанализа, работи незаконски. Според нив, на датумот за кога се информира дека биле земени мостри од сечкан вакумиран свински врат, во маркетот во Гевгелија немало таков поризвод на фабриката.

Засега на обвинувањата нема реакција од директорката на Центарот за јавно здравје Велес.

Министерот за здравство Никола Тодоров, по последниот состанок на комисијата за заразни болести, изјави дека нема сомнение оти изворот на листеријата е од производи на Екстра Меин.

Според министерот Тодоров сите заболени во епидемиолошката анкета кажале дека јаделе сувомеснати производи од оваа компанија. Ќе се прави генотипизација и на приозводите кои ги консумирала 16-годишната девојка од Неготино- последниот случај на заболен од листерија.

 

Андријана Атанасовска