Инвестиции

Мицкоски: Македонија станува привлечна дестинација за странските инвеститори

07.07.2025 16:30

Премиерот најавува нов инвестициски бран: ИТ, автомобилска индустрија, логистика и агро-бизнис! Американци на линија, ветувања за извоз, а странски гиганти задоволни – но со услови. Во позадина – пад на странските инвестиции според народната банка. Ќе ја освои ли Македонија довербата на светскиот капитал?

Македонија станува привлечна дестинација за странските инвеститори, вели премиерот. Тој откри дека се водат активни разговори за нови инвестиции во автомобилската индустрија, ИТ-секторот, логистиката и агро-преработката. Дел се компании кои веќе работат во Македонија, а дел нови. Од следната недела ќе почне да се гради големиот ветерен парк од половина милијарда долари.

По средбата со Советот за странски инвестиции, претставници на водечки компании рекоа дека се задоволни од досегашната работа. Но, побараа да заврши процесот на хармонизација на царинските стапки со оние во ЕУ и да имаат поголемо учество при носењето на законите.

По податоците на Народна банка дека е намален волуменот на странски инвестиции, премиерот објасни дека станува збор за краткорочни заеми кон мајките фирми, кои до крајот на годинава ќе бидат вратени. Мицкоски рече дека контактираат со Американците и оти верува дека ќе имаме поволни услови за извоз во САД.

Лани во земјава влегоа странски директни инвестиции од над 1,2 милијарди евра.

Борис Грујоски