Здравство

Комисија ќе ја ревидира листата за инсулин

07.07.2025 20:39

Инсулин има – но не за сите! И покрај успешно завршениот тендер, новите пациенти со дијабетес остануваат без терапија, алармира Сојузот на дијабетичари. Дополнително загрижува најавената ревизија на сите што користат современа терапија. Министерството најавува нов пристап – одлуки базирани на податоци, не на историја...

Голема беше радоста пред два месеца дека тендерот за инсулин е завршен. Но и кога е набавен инсулинот и дијабетната терапија, нема за новите пациенти поставени на антидијабетична терапија, реагира Сојузот на здруженија на дијабетичари. Терапија има за пациентите кои се лекуваат со години, но нив ги загрижува податокот дека Комисијата за дијабетес ќе почне да прави ревизија на сите постоечки пациенти кои користат современа терапија.

Министерот за здравство одговара, креирање на политики во здравството базирано на историја е минато. Сите процеси и политики ќе биде базирана на податоци.

Во земјава има 140.000 лица со дијабетес, 40.000 пациенти се на инсулинска терапија.

 

Наташа Јанчиќ - Менковски