САД ќе продолжат да испорачуваат оружје за Украина
САД ќе испратат повеќе оружје во Украина за да и помогнат на земјата да се одбрани од руските напади, истакна американскиот претседател...

САД ќе испратат повеќе оружје во Украина за да и помогнат на земјата да се одбрани од руските напади, истакна американскиот претседател. Коментарите следат по најавата на Пентагон изминатата недела дека ќе се воздржи од испорака на некои видови оружје поради загриженоста дека американските залихи се намалиле премногу.
Додека борбите на фронтот продолжуваат со засилено темпо, Киев бара од Вашингтон да и продаде повеќе ракети и системи „Патриот“.
Рускиот министер за надворешни работи Лавров ги изложи барањата на Москва за мировен договор кои предвидуваат Украина да стане неутрална, териториите што ги окупираше Русија да бидат меѓународно признати, а санкциите од западот кон Москва укинати.
