Тенис
Андреева стана најмладата тенисерка која стигнала до четврт-финале на Вимблдон
08.07.2025 09:29
Андреева вчера одигра одличен меч на Вимблдон, покажувајќи ги своите вештини и тениска умешност пред еден од нејзините идоли во публиката...

Мира Андреева вчера одигра одличен меч на Вимблдон, покажувајќи ги своите вештини и тениска умешност пред еден од нејзините идоли во публиката – Рожер Федерер.
Таа после мечот изјави дека и било сон да го види легендарниот тенисер во живот, а победата пред него има за неа уште поголемо значење.
Со вчерашната победа над Ема Наваро, Андреева стана најмладата тенисерка која стигнала до четврт-финале на Вимблдон, уште од времето на Марија Шарапова во 2005 година.
Фото :/ Мира Андреева Инстраграм
