Европски парламент

Извештајот на Вајц пред Европарламентот

08.07.2025 10:00

Попладне дебата и гласање по предлог-извештајот за Македонија на известителот Томас Вајц...

Во Европарламентот во Стразбур, попладне дебата и гласање по предлог-извештајот за Македонија на известителот Томас Вајц.

Се повторува целосната поддршка на континуираната и доследна посветеност на земјава за приклучување кон ЕУ, но и дека согласно обврските од заклучоците на советот од јули 2022 година, земјава треба да ги спроведе уставните измени, за да може веднаш да ги почне пристапните преговори, целосно почитувајќи го македонскиот јазик и идентитет.

Група европратеници поднесоа заеднички амандман, со кој се предлага бришење на делот од текстот за македонскиот јазик и идентитетот.

Во документот се потсетува и дека процесот на пристапување не треба да се користи за решавање на билатерални спорови, да се попречува напредокот на европскиот пат заснован на заслуги или да се потиснуваат пошироките стратешки интереси на Унијата, туку таквите спорови мора да се решаваат преку отворен дијалог и вистинска соработка.