Јолевски: Изградивме армија која е наша гордост

18.08.2014 18:31

На денешната централна свеченост по повод 18 Август - Денот на Армијата на Република Македонија, која се одржа во Охрид, министерот за одбарана, Зоран Јолевски обраќајќи се пред присутните, рече дека припадниците на АРМ ја продолжуваате традицијата на баталјонот „Мирче Ацев“, кој што беше формиран на Славеј Планина на денешен ден пред 71 година.

„АРМ е репрезент на сите напори и сите жртви кои биле дадени низ децениите и вековите за слободата, мирот, просперитетот и развојот на нашата татковина“, рече министерот за одбрана Зоран Јолевски.

Истакнувајќи ја соработката на АРМ со партнерите од НАТО и ЕУ, министерот рече дека АРМ го дава својот придонес за мирот, слободата и безбедноста и надвор од границите на Македонија.

„Со трансформацијата на армијата постигнавме респектабилно ниво на пополнетост на командите и единиците. Преку оваа трансформација обезбедивме поголеми оперативни способности и поефикасен командно-контролен систем“, рече министерот Јолевски на свеченоста.

Осврнувајќи се на реформите кои се спроведуваат во армијата со поддршка од НАТО алијансата, министерот Јолевски нагласи дека со истите тие се подобруваат условите за работа и подготвеноста на АРМ да одговори на современите предизвици и закани кон мирот и слободата.

„Република Македонија и армијата уште во 2008 година ги исполлнија сите стандарди и услови за полноправно челенство во НАТО. Тоа е наша стратешка цел, за која има силна јавна поддршка и политички консензус. Иако 6 годни неправедно чекаме да ја добиеме заслужената покана за членство во НАТО, остануваме посветени на оваа цел“, рече Јолевски.

Јолевски рече дека зајакнувањето на образованието и инвестирањето во обука на воениот и цивилен персонал во АРМ останува еден од клучните приоритети за понатамошниот развој за модерна, ефикасна и високо професионална армија, притоа истакнувајќи ја и целта Воената академија да прерасне во респектабилен центар за обука на офицери во регионот.

Учеството на АРМ во меѓународните мировни мисиии, Јолевски го оцени како едно непроценливо искуство за офицерите и војниците.