Унеско

Охрид да се најде на листата на загрозени богатства

08.07.2025 10:33

Комитетот на УНЕСКО во нацрт-документот усвоен на 47-та сесија во Париз бара охридскиот регион да биде преместен на листата светски природни и културни богатства во опасност...

Комитетот на УНЕСКО во нацрт-документот усвоен на 47-та сесија во Париз бара охридскиот регион да биде преместен на листата светски природни и културни богатства во опасност.

По разгледувањето се посочува дека продолжува деградацијата на атрибутите што го поместија охридскиот регион во заштитено наследство на УНЕСКО и се бара исполнување на забелешките на реактивната мониторинг мисија од минатата година.

Се нотираат слабостите за односот на државата, институциите, властите на национално и локално ниво кон Охридското Езеро и градот Охрид, прогласени за светско богатство, како и несоодветниот одговор на државата и институциите по забелешките нотирани од светската организација, со конкретен предлог регионот да биде впишан на листата на УНЕСКО со светски богатства во опасност.