ОЈО ГОКК

ОЈО ГОКК поднесе обвинителен предлог против осум лица вработени во КПУ Затвор Скопје

08.07.2025 16:17

Според доказите се товарат дека првообвинетиот како директор на установата и двајца полициски службеници како соизвршители, сториле продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“...

Обвинителството за гонење организиран криминал поднесе обвинителен предлог против осум лица вработени во Казнено поправната установа-Затвор Скопје. Според доказите се товарат дека првообвинетиот како директор на установата и двајца полициски службеници како соизвршители, сториле продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Еден од нив сторил и кривично дело „несовесно работење во службата“, за кое дело се обвинети и останатите петмина полициски службеници.

Осомничените во период од март до јули 2024, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија, при што на петмина осуденици им овозможиле погодности што согласно судските одлуки не им следувале. Дозволиле осудените да бидат спроведени до нивните домови и до други локации за приватни потреби спротивно на постапката за спроведување на лица лишени од слобода вон установа.

Постапката била отворена против десет лица, но, за двајца е отфрлена поради немање на докази, соопштија од Обвинителството.