Иванов: Благодарение на армијата, мирот и безбедноста се наше секојдневие
Пред илјада години од „Самоиловата тврдина“ беше симнато знамето на слободата, со тоа зпаочна милениум исполнет со непокор и борба за слобода, векови исполнети со херојски обиди одново да се подигне бајракот и да се достигне слободата“, со овие зборови претседателот на Република Македонија и врховен командат на вооружените сили Ѓорге Иванов го започна својот говор на свеченоста по повод Денот на АРМ во Охрид.

„Слободата и незавинсота не ни се подарени, за нив се изборија Илинденците и Асномците, кои оставија завет но и достојни продолжувачи на нивното дело, а тоа сте вие припаднците на АРМ“, рече претседателот Иванов пред присутните на свеченоста.
Претседателот Иванов истакна дека армијата постои за да ја чува нашата слобода, територијален интегритет и суверенитет, за нашите најмили да не се плашат од војната, да имаат безгрижно детство, да го чува македонскиот модел на соживот, постои за македонското стопанство да се развива и да напредува.
Пред присутните нагласи дека Македонија останува посветена на остварување на стратегиската цел - полноправно членство во НАТО.
„Партнерството и пријателството се најсилни меѓу рамноправните. Република Македонија е рамноправна со должностите и одговорностите. Но, бараме да ни се овозможи да бидеме рамноправни и според правата и привилегиите, за посилно НАТО, за побезбеден свет“, нагласи Иванов.
„Живееме, работиме, твориме се надградуваме и напредуваме благодарение на храбрите синови и ќерки во униформи што ни го чуваат мирот и ни ја гарантираат безбедноста“, рече пред присутните претседателот на Република Македонија и врховен командат на вооружените сили Ѓорге Иванов.