Општините клучна алка за регионален рамномерен развој
Општините играат клучна алка за регионалниот рамномерен развој. Затоа Владата постојано инвестира во нивниот развој за што се кон нив се насочени околу 250 милиони евра. Ова е една од пораките што се упати од Конференцијата на тема „Иднината започнува локално – нова визија за одржлив развој“ што се одржува во Гевгелија.

Рамномерниот регионален развој треба да биде императив на сите институции а клучна алка се општините кои подеднакво треба да ги развиваат и селата и градовите. Ова е пораката што ја упати министерот за локална самоуправа Златко Перински од Гевгелија според кого, Владата со процесот на децентрализација ќе даде дополнителен инпут.
Владата преку инвестиционата линија на општините им нуди 250 милиони евра. Преку овој проект утврдени се 829 локални проекти насекаде во државата во висина од 14 милијарди денари кажа премиерот Христијан Мицкоски.
Инвестирањето во Регионален рамномерен развој ќе ја намали миграцијата а ќе обезбеди достојни услови за живот насекаде, кажа амбасадорката на Швајцарија во земјава Вероник Улман.
„Швајцарија е убедена дека регионалниот развој е ефикасна алатка за намалување на миграцијата – и во земјата и надвор од неа, како и за поттикнување на локалниот економски развој и зголемување на отпорноста на климатските промени.“, изјави Вероник Улман, амбасадор на Швајцарија во земјава.
Денеска и утре во Гевгелија се одржува конференција на тема „Иднината започнува локално – нова визија за одржлив и рамноменерен развој“ во организација на МЛС и Амабасата на Швајцарија во земјава.
Ване Трајков
