Силјановска Давкова нема да предложи нов член на Судскиот совет, ќе го почека новиот закон
Претседателката Сиљановска Давкова сè уште не предложила наследник Милјазим Мустафа, чиј мандат истекува утре. Денеска ќе го испрати писмото до претседателот на Собранието со образложение дека ќе го почека новиот закон за Судски совет. Оцени дека има бројни измени, коишто според неа се квалитетни. Вели, за состојбите во Судскиот совет причина е лошиот закон со несоодветни критериуми за избор на членовите што овозможуваа политизација и партизација.

За состојбите во Судскиот совет причина е лошиот закон со несоодветни критериуми за избор на членовите, што овозможуваа политизација и партизација.
Претседателката Сиљановска Давкова вели, тоа не се однесува само на оние кои се избираат по нејзин предлог, туку и на избраните од Собранието и од судиите. По оценската мисија се пристапи кон донесување нов закон, вели, и тој е веќе во процедура. Со многу построги, поконцизни и појасни одредби.
Таа нема да предложи член на Судскиот совет сè додека не се донесе новиот закон, иако местото на Миљазим Мустафа е испразнето.
Претседателката посочи дека со измените ќе биде опфатено и дефинирањето на истакнат правник, како и многу други. Претходно министерот за правда, Филков направи резиме на 12 месечната работа, при што истакна дека освен законот за Судски совет кој зазема централно место уште низа закони ќе бидат донесени за подобрување на состојбите во правосудството.
Фиљана Кока
