Со низа свечености отворен генералниот конзулат на Албанија во Струга
Во Струга отворен генерален конзулат на Албанија. Оваа институција ќе им овозможи на граѓаните полесен пристап до конзуларни услуги и поблиска врска со институциите на двете земји...

Со низа свечености, интонирање на албанската и македонската химна денес во Струга беше отворен генералниот конзулат на Република Албанија.
Конзулатот ќе им овозможи на граѓаните полесен пристап до конзуларни услуги и поблиска врска со институциите на двете земји, што е особено значајно за луѓето кои секојдневно се движат преку границите поради семејни врски, бизнис, транзитирање или туризам, рече министерот Муцунски.
„Односите и соработката меѓи двете земји се засновани на доверба, почит и посветеност за реализирање на стратешките цели на двете држави во рамки на процесот на евроинтеграција, процес којшто има исклучителна важност за двете земји, но и за регионот како целина која одамна се стреми кон целосно интегрирање во Европското семејство“, истакна министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.
Конзулатот ќе биде мост ќе ги продлабочи добрите односи на двете земји но ќе ја зајакне и врската на албанското население со својата матична држава, рече албанскиот министер Хасани.
Односите помеѓу Албанија и Р Северна Македонија се изградени на силен темел на пријателство, соработка и заемно почитување. Го цениме големиот напредок што е постигнат во минатото и остануваме посветени на продолжување на оваа соработка на сите нивоа, политичко, економско, социјално и културно ниво, истакна Игли Хасани, министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија.
Конзулатот ќе ги покрива потребите на граѓаните целиот регион.
Претходно, министрите Муцунски и Хасани остварија тет-а-тет средба во Охрид, во чиј фокус, беше унапредувањето на добрососедските односи меѓу двете земји.
Соња Рилковска
