Има најави од европратеници дека нема да гласаат за бришење на македонскиот јазик и идентитет, вели премиерот Мицкоски
Има најави од европратеници дека нема да гласаат за бришење на македонскиот јазик и идентитет од извештајот на Европскиот парламент, изјави премиерот Мицкоски кој денеска беше на пуштањето во употреба на мостот кај Башино Село. Ова е првпат од осамостојувањето на Македонија нејзиниот идентитет и јазик да бидат вклучени во ваков документ.

Жалам што во 21 век на талибански начин некој сака од еден мал народ, од неговиот јазик и идентитет да направи камен на сопнување, вели премиерот Мицкоски за разгледувањето на извештајот на Вајц во Европскиот парламент. Тој вели дека има пратеници во Европарламентот кои нема да го поддржат амандманот.
Амандманите за извештајот за напредокот на Македонија ги гледам како феномен што покажува и докажува демократски дефицит во Европската унија и Европарламентот кој треба да е дом на сите граѓани – коментира претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
Прашањето на евроинтеграцијата е прашање на безбедност и стабилност. Сиљановска анализира дека претседателот на Европскиот совет, Кошта кога рекол дека на Унијата и се потребни реформи, тоа има врска со феноменот вето и опасност од билатерализација на евроинтеграцијата.
Миле А. Ристески
