евроинтеграции

Лепавцов: Работиме на решение со Бугарија за да ги почнеме преговорите

08.07.2025 12:15

Проширувањето повторно е приоритет, но можноста за прием на нови земји-членки нема да трае вечно, велат претставници на Европската комисија и претседавачот Данска. За продолжување на преговорите, македонските власти бараат решение со Бугарија за надминување на ветото поради билатерални прашања...

Работиме на решение со Бугарија за да ги почнеме преговорите, вели директорот на Директоратот за ЕУ во МНР, Лепавцов. Посочи дека новата методологија за проширување воведе и билатерализација на критериумите што дополнително прави пречки за земјите-кандидатки.

Проширувањето на ЕУ стана приоритет поради безбедносните закани, па мора да се искористи моментот, укажа амбасадорката на Данска како претставник на актуелниот претседавач со Унијата.

За приближување кон ЕУ на располагање се финансии за реформи од Планот за раст што се добиваат по сработеното, велат претставници на Европската комисија.

ЕУ нема да биде безбедна и силна доколку не е целосна, велат европските претставници, сепак не посочуваат дека идното проширување ќе се случи до 2030-та година, датум којшто самите претходно го најавуваа.

Ирина Гелевска