Македонија

Симовски разочаран од одлуката на Уставен за пописот

08.07.2025 14:17

Ексдиректорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски е разочаран од одлуката на уставниот суд за укинување на дел од методологијата на последниот попис, според која населението беше поделено на резидентно и нерезидентно. „Уставниот суд направи преседан, пописот беше согласно со препораките на обединетите нации и Евростат кои важат за сите земји“, категоричен е Симовски...

Ексдиректорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски, е разочараност од одлуката на Уставниот суд за укинување на дел од методологијата на последниот попис, според која населението беше поделено на резидентно и нерезидентно.

Симовски смета дека статистичката операција се злоупотребува во политички цели, посочувајќи и на тогашниот бојкот.

„Уставниот суд направи преседан, пописот беше согласно препораките на Обединетите нации и Евростат кои важат за сите земји“, категоричен е Симовски.

Според Уставниот суд, таквата методологија за подготовка и спроведување на пописот била спротивна на законскиот и уставен поредок и на темелната вредност за владеење на правото.

По одлуката, реагираа и партиите, а „Вреди“ најави кривични пријави поради сомнеж за фалсификување на резултатите.

Марија Котовска