Пожарот кај Блаце ставен под контрола, но ветерот сè повеќе ја шири огнената стихија во атарот Чучер Сандево
Пожарот кај Блаце е ставен под контрола, но ветерот сè повеќе ја шири огнената стихија во атарот на селото Чучер Сандево. Работата на пожарникарите трет ден им ја отежнува непристапниот терен.

Пожарот кај Блаце е ставен под контрола, но ветерот сè повеќе ја шири огнената стихија во атарот на селото Чучер Сандево. Работата на пожарникарите трет ден им ја отежнува непристапниот терен. Пламените јазици го имаат зафатено ридско-планинскиот предел, од Блаце па до селото Бразда активирани повеќе жаришта.
Во гаснењето на пожарот во атарот на село Чучер Сандево од раните утрински часови се вклучија два хеликоптери на МВР, кои исфрлија 70 тони вода.
Пожарот зафати седум викенд куќи во селото Кучевиште, а еден од волонтерите бил повреден при гаснење на огнената стихија. Градоначалникот тврди дека и овој пожар е подметнат.
Директорот Стојанче Ангелов демантира дека се опожарени куќи и црковни објекти. Вели дека имало нов обид да се реактивира пожарот кај Блаце. Апелира, секој кој ќе забележи сомнително однесување да пријави на 112.
Ова е трет ден како беснеат пожари во општината Чучер Сандево. Досега изгореле над 2.000 хектари сува трева и нискостеблеста шума.
Викторија Милевска
