Школа за млади лидери по петти пат во Охрид
На свеченото отворање е предвидено обраќање на поранешниот српски претседател Борис Тадиќ, на канадскиот сенатор Доналд Мередит, и на Ксиао Минг, заменик- претседател на телекомукациската компанија ЗТЕ за Eвропа...

Во Oхрид по петти пат по иницијатива на претседателот Ѓорге Иванов ќе се одржи школата за млади лидери. На свеченото отворање е предвидено обраќање на поранешниот српски претседател Борис Тадиќ, на канадскиот сенатор Доналд Мередит, и на Ксиао Минг, заменик- претседател на телекомукациската компанија ЗТЕ за Eвропа.
Школата за млади лидери е воспоставена по стапувањето на функцијата Претседател на Република Македонија на Иванов. Идејата е да им се овозможи на младите талентирани и амбициозни луѓе од Македонија да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и менаџерски способности.
Програмата на школата опфаќа предавања и обуки во сферите на лидерството и менаџментот од страна на еминентни предавачи и гости од врвни образовни и професионални институции, менаџмент-симулации и практични вежби.
