УНЕСКО го вклучи алармот, Охридскиот регионот ги губи вредностите – предупредуваат екологистите
УНЕСКО го вклучи алармот, регионот ги губи вредностите – предупредуваат екологистите. Владата амандмански ќе бара повлекување на Нацрт-одлуката...

Седумнаесет граѓански организации од Македонија, 13 од Албанија, една европска мрежа од 15 организации, како и 9 организации од балканскиот регион и Обединетото Кралство упатија писмо до Комитетот на УНЕСКО да предложи Охридскиот регион да се стави на Листата на светско наследство во опасност.
„Имајќи го предвид степенот на досегашната деструкција, итната потреба за реставрација на природните и културните вредности на подрачјето, екстремно сме загрижени поради сите нереализирани планови и проекти и реалната опасност за неповратно губење на интегритетот и автентичноста“, рекоа граѓански организации.
Нацрт-одлуката е веќе објавена при што се бара од Македонија итно да ја подобри заштитата на Студенчишкото блато, веднаш да ги стопира сите градежни активности во околината на блатото и хотелскиот комплекс „Горица“ и да го ревидира предлог Законот за прогласување на Студенчишкото блато за Парк на природата.
Според министерот за култура Зоран Љутков оваа одлука е директна последица на години негрижа, неодговорност и институционален распад што го остави поранешната влада во периодот од 2017-та до 2024-та година.
„Актуелниот извештај се однесува токму на овој период во владеењето на СДСМ и ДУИ. И во тие седум години не само што не беше преземено речиси ништо од препораките на УНЕСКО, наместо заштита гледавме игнорирање на експертски извештаи и системско разнебитување“, изјави Зоран Љутков – министер за култура.
На денешната седница на Владата како што рече министерот Љутков била разгледана информацијата и се задолжиле сите членови на институциите кои моментално присуствуваат на сесијата на Комитетот за светско наследство преку координиран настап, заеднички да поднесат амандман со цел овој извештај да се повлече, бидејќи оваа Влада има капацитет да покаже дека ќе биде посветена на препораките.
Сашо Нелоски
