Временска прогноза

Сончево со мала до умерена облачност

09.07.2025 08:50

Ќе дува умерен до засилен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието и во источните од северен правец (над 60 km/h)...

Сончево со мала до умерена облачноста. Во крајните западни и северни делови ќе има зголемена облачност со услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието и во источните од северен правец (над 60 km/h).

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува засилен ветер од северен правец.