Интерпелација за претседателот на Уставен суд
Собранието преку интерпелација да се меша во судската власт. Не се исклучува некој од пратениците на самата седница да предложи точката да биде тргната од дневниот ред, а пленумот ќе одлучи дали да има или не расправа...

Неизвесно дали интерпелацијата на ДУИ за претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски ќе се најде на пленарка. На последната координација речиси сите пратенички групи реагирале дека не е добро
Собранието преку интерпелација да се меша во судската власт. Не се исклучува некој од пратениците на самата седница да предложи точката да биде тргната од дневниот ред, а пленумот ќе одлучи дали да има или не расправа.
Од ДУИ му поднесоа интерпелација на Костадиновски поради како што велат навредливото однесување кон албанскиот јазик. Од Уставен реагираа дека ваква собраниска инцијатива не е возможна, бидејќи уставен судија не може да биде разрешен од Парламентот или Владата. Костадиновски се изјасни дека нема ниту писмено да одговори, ниту ќе присуствува на седницата.
