Ѓоковиќ ја удвои предноста пред Надал, Серена доминатна на ВТА листата
По завршување на Мастерс турнир во Синсинати, на АТП листата меѓу врвните 10 нема драстични промени во пласманот, каде што лидер останува Новак Ѓоковиќ со 12770, сега со многу поубедливо водство во однос на Рафаел Надал, кој има 10670. Шпанецот го пропушти и овој турнир поради повреда и загуби 1000 поени, затоа што триумфира минатата година, па без оглед што Србинот загуби во раната фаза од Робредо, речиси ја удвои големата предност пред најблискиот ривал.

По завршување на Мастерс турнир во Синсинати, на АТП листата меѓу врвните 10 нема драстични промени во пласманот, каде што лидер останува Новак Ѓоковиќ со 12770, сега со многу поубедливо водство во однос на Рафаел Надал, кој има 10670. Шпанецот го пропушти и овој турнир поради повреда и загуби 1000 поени, затоа што триумфира минатата година, па без оглед што Србинот загуби во раната фаза од Робредо, речиси ја удвои големата предност пред најблискиот ривал. Швајцарецот Рожер Федерер со својата рекордна шеста победа во Синсинати се зацврсти на третата позиција со 820 поени повеќе во однос на минатата седмица, па сега има 7490. Неговиот сонародник Станислас Вавринка останува на четвртото место со 5985 поени. Единствените промени на позициите се на средина од “Топ тен“ друштвото, во кое финалистот Давид Ферер сега е на 5 - то а полуфиналистот Милош Раониќ на 6 - то место. Тие профитираа за по едно место на сметка на Томаш Бердих, кој загуби две позиции и сега е седми, а од 8 до 10 -то место се Глигор Димитров, Енди Мареј и Жо Вилфред Цонга.
На ВТА листата, Американката Серена Вилијамс ја зголеми предноста со триумфот во Синсинати и сега има 9430, пред Романката Симона Халеп со 6750 поени. Единствена промена во Топ 10 е скокот за две места на српската тенисерка Ана Ивановиќ, која со пламанот во финалето од 11 дојде до 9 место, и за една позиција ја прескокна сонародничката Јелена Јанковиќ. Од 3 до 8 позиција останувааат На Ли, Петра Квитова, Агнешка Радванска, Марија Шарапова, Ангелика Кербер и Еуген Бушар.
