Украина
Зеленски: Киев ќе ги интензивира контактите со Вашингтон
09.07.2025 08:58
Одлуката следува еден ден откако шефот на Белата куќа, Доналд Трамп, изјави дека САД ќе мора да испратат повеќе оружје за Украина и покрај претходната најава за пауза на веќе одобрените испораки на огнено оружје...

Киев ќе ги интензивира контактите со Вашингтон, објави претседателот Зеленски. Одлуката следува еден ден откако шефот на Белата куќа, Доналд Трамп, изјави дека САД ќе мора да испратат повеќе оружје за Украина и покрај претходната најава за пауза на веќе одобрените испораки на огнено оружје.
Кремљ предупреди дека одлуката на Трамп да продолжи со снабдувањето со оружје на Украина нема да придонесе за мирно решавање на конфликтот, туку напротив за продолжување на воените операции.
