Топло време

Екстремно високи температури и шумски пожари во Европа

09.07.2025 14:33

Издадени вонредни предупредувања. Опасноста од пожари на високо ниво...

Европа се соочува со екстремно високи температури и шумски пожари. Издадени вонредни предупредувања. Опасноста од пожари на високо ниво.

Повеќе од 110 лица се полесно повредени во голем пожар што беснее со денови северно од Марсеј. Огнена стихија зафати шумски предели во Романија и Србија.

Грција ги затвори туристичките атракции поради високите температури. Хрватска и Словенија пак, ги зафати големо невреме.

Според синоптичарите, регионот деновиве го очекува студен бран и пониски температурите за 10 степени.