МВР

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

09.07.2025 10:34

Вчера во 16.30 часот во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода А.И.(29) од Радовиш...

Вчера во 16.30 часот во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода А.И.(29) од Радовиш, информираат од МВР.

При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана и дробилка. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш.

По документирање на случајот, против А.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.