САД
Повеќе од 160 лица се водат како исчезнати во поплавите во Тексас
09.07.2025 10:48
Црниот биланс расте, регистрирани повеќе од сто жртви. Властите отворија линија за пријавување на исчезнати...

Повеќе од 160 лица се водат како исчезнати во поплавите што го зафатија Тексас. Црниот биланс расте, регистрирани повеќе од сто жртви.
Властите отворија линија за пријавување на исчезнати. Низините покрај реката Гвадалупе во централен Тексас се популарни за кампување, а голем број туристи не се пријавени во хотели, туку кампувале на брегот на реката која се излеа на 4-ти јули.
Гувернерот на сојузната држава истакна дека американскиот претседател Трамп ветил помош за справување со последиците од катастрофата.
