Повардарие без лиценца за откуп на грозје

19.08.2014 10:29

Винарските визби Повардарие и Аневски, годинава нема да вршат откуп на винското грозје. Винарниците имаат долгови кон лозарите и неможат да договараат откуп од новата реколта...

Поради долг кон лозарите, четири винарски визби од кои 2 поголеми „Повардарие“ и „Аневски“ нема да вршат откуп од претстојната берба.

Причините за необезбедување пари се залихите, ниските цени и откажувањето на договорите за извоз.

Тие очекуваат дека ќе го продадат ланското вино за да ги исплатат лозарите и од идната година повторно да се вкучат во откупот.

Поради високите трошоци за заштита на насадите и помалиот род, лозарите пак,  очекуваат за 2 денари зголемување на откупните цени. За смедеревката 13 и вранецот 15 денари за килограм.

За винарските визби е се уште рано да се зборува за цените поради нестабилните временски услови кои до бербата можат да ја променат состојбата со квалитетот на грозјето.

 

Методија Трајков