Ракомет

Македонските ракометарки со мечот со Унгарија го почнуваат настапот на ЕП

09.07.2025 11:10

Македонија е во групата А, заедно со селекциите на Унгарија, Полска и Чешка. Во првиот натпревар Македонија в среда игра против Унгарија, во четврток противник ни е Полска, а во последното коло од групата играме в сабота против Чешка...

Континентално првенство за ракометарки до 19 години ќе се соберат во Подгорица од денеска до 20 јули, за да се натпреваруваат за титулата на Европското првенство (ЕП).

Македонија е во групата А, заедно со селекциите на Унгарија, Полска и Чешка. Во првиот натпревар Македонија в среда игра против Унгарија, во четврток противник ни е Полска, а во последното коло од групата играме в сабота против Чешка.

Годинашното ЕП 2025 означува историска пресвртница во развојот на првенството, бидејќи првпат 24 репрезентации ќе го почнат патувањето кон европскиот трофеј, пишува Европската ракометна федерација (ЕХФ). Досега на ЕП настапуваа по 16 селекции. Шампионатот почнува со четири интензивни дена натпревари во прелиминарната рунда, при што репрезентациите ќе се стремат да соберат што е можно повеќе бодови за место меѓу првите две во секоја група, што гарантира настап во главната рунда.

 

 

 

 

 

Фото:/ РФМ