Пожари
Пожар во близина на дивата депонија во Визбегово
09.07.2025 11:19
Во реонот на Визбегово, општина Шуто Оризари во близина на дивата депонија, избувнал пожар кој се шири и претставува ризик за проширување кон околните површини.

Во реонот на Визбегово, општина Шуто Оризари во близина на дивата депонија, избувнал пожар кој се шири и претставува ризик за проширување кон околните површини. Има опасност бидејќи во близина се наоѓаат станбени куќи, соопштија од Центарот за управување со кризи.
По барање на градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш побарана е воздушна поддршка за справување со пожарот.
Во моментов се интервенира од страна на екипи на Територијална противпожарна бригада на Град Скопје.
