ИЈЗ
38 лица затруени со салмонела во Прилеп
09.07.2025 11:39
Институтот за јавно здравје соопшти дека во јуни е пристигната пријава за епидемија со салмонела во Прилеп. Се затруле 38 работници во фабрика...

Институтот за јавно здравје соопшти дека во јуни е пристигната пријава за епидемија со салмонела во Прилеп. Се затруле 38 работници во фабрика, кои консумирале иста храна. Тројца завршиле во болница.
Направена е контрола во кујната на добавувачот со храна и од трпезарискиот дел на фабриката каде што се служела храната.
Издадени се соодветни епидемиски мерки за одржување на хигиената, а објектот за подготовка на храна бил затворен до добивање негативни резултати од земените мостри.
Епидемијата била одјавена на 11 јуни.
