Во Собранието одбележан Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница
Во пресрет на 11-ти јули, во Собранието одбележан Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница...

Сеќавањето на Сребреница е аларм кој потсетува дека 11-ти јули 1995 е срам и пораз на Европа и светот испишан од 8.372 невини цивилни жртви. Геноцид врз муслиманите, не масакр. Токму во зоната каде што требаше да бидат најбезбедни тие 12 дена беа системски убивани и закопувани во масовни гробници. Секој камен од Поточари раскажува молчешкум дека таму умре човештвото, но дали ние после 30 години ги воспитуваме правилно генерациите. Знаеме ли дека да паметиме е наша обврска за да не се повтори кажа во своето обраќање собранискиот спикер Гаши.
Координаторката за одбележување на триесетгодишнината од геноцидот Ризвановиќ Мандал како и директорот на Институтот за истражување на злочинот порачаа – бадијала се обидите за ревизионизам и за минимизирање на геноцидот од властите во република српска и во Белград затоа што се откриени уште кога ги преместувале гробниците.
Но мора да се гледа и во иднината.
И после 30 години на човештвото најголем предизвик му е да го одржи мирот и човештвото затоа што постојано се доведува во опасност, порачаа говорниците.
Фиљана Кока
