Пожарот кај Николич – дојранско ставен под контрола, закана најавениот ветар
Пожарот во Николич Дојранско е ставен под контрола. Таму се гасне и од копно и од воздух. Над 60 лица се вклучени во целосната ликвидација на пожарот кој е активен веќе три дена но проблем прави ветрот во дојранско...

Потенцијалниот ветар во дојранско носи опасност од повторно разгорување на пожарот над Николиќ кој утрово беше ставен под контрола. Вчера и денеска со хеликоптери се интервенираше и од воздух над опожарените површините.
Освен од македонски шуми во гаснењето на пожарот вклучени се и пожарникари но и месно население. Сите тие се распоредени вдолж линијата на пожарот за да не се симне до куќите и оранжериите.
Во гаснењето вклучени и дел од жителите на Николич кои стравуваат за своите имоти.
Засега не се знаат кои се причините за пожарот кој однесе околу 300 хектари нискостеблеста шума над Николич и Ѓопчели.
Ване Трајков
