Не стивнуваат немирите во Фергусон
Во полициската акција се вклучија и оклопни возила и хеликоптери. Според медиумите, на покривите од зградите се распоредени и снајперисти...

Не престануваат немирите во американскиот град Фергусон. Полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои веќе 9-ти ден протестираат по убиството на афроамерикански тинејџер од страна на полицијата.
Во полициската акција се вклучија и оклопни возила и хеликоптери. Според медиумите, на покривите од зградите се распоредени и снајперисти. Патолози изнајмени од семејството на убиениот тинејџер, тврдат дека во момчето било пукано шест пати, од кои два куршума завршиле во главата.
Американскиот претседател Барак Обама најави дека во Фергусон ќе го испрати државниот обвинител и повика полициските сили и демонстрантите да покажат воздржаност.
