„Исламска држава“: Американците ќе бидат напаѓани секаде во светот
Заканата е упатена преку видео снимка, на која се гледа фотографија на Aмериканец убиен за време на американската инвазија на Ирак...

Екстрамистичката организација Исламска држава, која зазема поголем дел од Ирак, го предупреди Вашингтон дека американците ќе бидат напаѓани секаде во светот, доколу во воздушните напади бидат убиени нивни борци.
Заканата е упатена преку видео снимка, на која се гледа фотографија на Aмериканец убиен за време на американската инвазија на Ирак.
Во исто време, радикалната група исламска држава соопштидека држи во заробеништво и јапонски граѓанин во Сирија. Според јапонските власти, 42-годишниот Јокава заминал во Сирија кон крајот на јули и стапил во контакт со групата Исламски фронт, која се бори против исламска држава.
