Муцунски домаќин на катарскиот државен министер за надворешни работи, султан Бин Саад ал-Мураики
За време на состанокот двајцата се согласиле дека денешната посета претставува потврда за споделените вредности и заемната посветеност кон подинамичен развој на билатералните односи, со посебен акцент на економските врски и трговската размена...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска му беше домаќин на катарскиот државен министер за надворешни работи, Султан Бин Саад Ал Мураики.
За време на состанокот двајцата се согласиле дека денешната посета претставува потврда за споделените вредности и заемната посветеност кон подинамичен развој на билатералните односи, со посебен акцент на економските врски и трговската размена.
„На средбата ги разгледавме севкупните односи меѓу двете земји и начините за нивно понатамошно унапредување, при што изразивме задоволство од досегашната соработка и во рамки на мултилатералните организации. Разговаравме и за можностите за развој на економските и бизнис-релациите, нагласувајќи го силниот потенцијал за партнерство, како и потенцијалот за образовната и културна соработка, информираше Муцунски во објавата.
Дополнително, било отворено прашањето за унапредување на договорната рамка, повторно воспоставување на авионската линија Скопје – Доха, како и други форми на секторска соработка.
Муцунски додаде дека средбата опфатила и теми од регионален и меѓународен карактер, вклучително и актуелните глобални предизвици.
