Крива Паланка

Сериозен пожар, во опасност домови во Крива Паланка

09.07.2025 15:16

Три шумски пожари активни во Крива Паланка. Поради силниот ветер постои опасност пожарот да се доближи до домовите во населбата Лозаново, информираат надлежните...

Од територијалната единица потенцираат дека сите нивни екипи се на терен. Побарале помош и од соседните општини. Помош имаат и од екипите од јавното претпријатие Македонски шуми, како и месното население. Според последните информации, неколку куќи во село Градец веќе се изгорени, потенцираат од противпожарната единица.

Градоначалникот на Крива Паланка јавно побара итна помош од државните институции и соседните општини, укажувајќи дека во опасност е населено место Лозаново. Апелираше и локалното население да се вклучи во гаснењето.